Земјоделството како бизнис за лицата со попреченост
Немаме ниту законски регулативи ниту помош за лицата со попреченост да работат во земјоделството и производството на храна. Искуствата од другите земји се далеку пред нас, нам ни треба сериозна образовна и законска валоризација на нивниот досега бесплатен вложен труд во семејниот бизнис. Почнува проект, а првиот чекор е направен со новиот отсек за дигитализација на факултетот за земјоделство.

Наспроти другите земји, кај нас младите со попреченост само се вклучени во семеен бизнис во земјоделството, но немаат ниту права, ниту законски можности да го валоризираат своето место на пазарот на трудот или да отворат свој бизнис, констатираат од здружението за рурален развој „Лаг агро лидер“ кое започна проект за нивна вклученост во земјоделскиот сектор.
Првиот чекор е направен со отворањето на новиот сектор за дигитализација во земјоделството на Факултетот за земјоделство. Но, недостасуваат законски регулативи.
Ќе се креира е-водич со искуствата од другите земји, како и дигитална платформа од која лицата со попреченост ќе учат претприемништво, односно, започнување свој бизнис во земјоделството и производството на храна
Елизабета Митреска
