Иванов се сретна со Наумовски и Јолевски

23.07.2014 13:43

Првата задача на новиот македонски специјален пратеник е посетата на Метју Нимиц на Атина и на Скопје што неофицијално ќе се случи од 26-ти до 28-ми јули...

Претседателот Ѓорге Иванов денеска имаше средба со новоназначениот пратеник за надминување на разликата околу името Васко Наумовски, како и со поранешниот, акутелен министер за одбрана Зоран Јолевски.

На средбата, соопшти Кабинетот на Иванов, Наумовски беше запознаен со досегашните активности во рамки на процесот што се води под покровителство на ОН.

Првата задача на новиот македонски специјален пратеник е посетата на Метју Нимиц на Атина и на Скопје што неофицијално ќе се случи од 26-ти до 28-ми јули.

Претседателот Иванов му посака успешно вршење на должноста, а на Јолевски му се заблагодари за севкупниот негов досегашен ангажман и за сите остварени активности како пратеник во разговорите за разликата околу името.