Македонија
Пошумување на опожарените површини во Малешевијата
23.11.2024 13:00
Над 400 илјади кубни метри борова шума изгоре во пожарите во Малешевијата пред три години. Ќе бидат потребни години за да се засадат нови садници и децении за да се врати шумата. ЈП „Национални шуми“ врши пошумување на околу 500 хектари шуми во овој регион.

Во Малешевијата во тек е третата сезона на пошумување на површините опожарени во 2021-ва година. Над 300 илјади садници бел, црн бор, даб, багрем и питом костен се садат на 150 хектари, а поголем дел ќе се пошумува со засејување.
Освен вработени во Национални шуми, пошумуваат и ученици, извидници и волонтери на иницијативата „Боренка“
Временските услови се погодни за пошумување, кое во наредните денови ќе се интензивира на повеќе локации во државата
Славица Величковска
