Нови воздушни напади на израелската армија врз јужните предградија на Бејрут
Конфликтите продолжуваат на Блискиот Исток. Израелската армија изврши нови воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут и градот Тир. Либанската Национална новинска агенција објави дека во нападот има жртви и дека е уништена осумкатница...

Конфликтите продолжуваат на Блискиот Исток. Израелската армија изврши нови воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут и градот Тир. Либанската Национална новинска агенција објави дека во нападот има жртви и дека е уништена осумкатница.
Во изминатите 24 часа, Хезболах истрела околу 80 ракети кон северен Израел. Израелската армија претходно објави дека некои од проектилите биле пресретнати. Нови напади и во Појасот Газа.
Претседателот на САД и на Франција, Бајден и Макрон, синоќа телефонски разговараа за можноста за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах во Либан, соопшти Белата куќа.
