Во Собранието расправа за државната каса за 2025 година
Во Собранието продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2025-та. Пратениците од сите политички партии се обидуваат да го одбранат својот став за кроењето на државното ќесе.

Во прилично напната атмосфера продолжи комисиската расправа за предлог-буџетот за 2025 година. Тој за власта е развоен и домаќински, за опозицијата нереален и расипнички. Од Владата велат дека буџетот се базира на реални проекции и ќе обезбеди непречено функционирање на институциите и навремено исплаќање на платите и пензиите. Од опозицијата велат дека се троши неразумно.
Буџетот за подобрување на животниот стандард на младите е неколкукратно зголемен, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ставката за студентскиот стандард за в година бележи раст од 52, во споредба со годинава.
Додека власта ветува развој, опозицијата критикува дека се бара алиби за нови задолжувања. Поднесени се повеќе од 300 амандмани.
Економскиот раст е проектиран на 3,7 проценти. Буџетскиот дефицит на 4% од БДП, а инфлацијата на 2,2 проценти.
Расправата за буџетот треба да заврши најдоцна до 30 ноември. Буџетот е досега најголем и тежи 6,5 милијарди евра.
Откако ќе се исцрпи расправата, буџетот оди на пленарна седница.
Борис Грујоски
