Економија
Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка
23.11.2024 16:40
По есенската, се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка. Кои производи ќе бидат опфатени и кога ќе биде готова и со кои ограничувања.

Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец. Консултирани се стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата на потрошувачи.
Видот на производите со намалени цени ќе претрпи измени во зависност од потрошувачката за празниците. Граѓаните се во исчекување
Министерството за економија секако очекува бенефити за потрошувачите.
Будно се следи примената на Законот за нефер трговски практики со кој се опфатени околу 2.500 производи. По Нова година се најавени и казни за прекршителите.
Елизабета Митреска
