Милан е во САД, контроли на ниво на ЛШ
Соединетите Американски Држави се се поатрактивна локација каде што европските фудбалски гиганти ги минуваат летните подготовки. Преку Аталантикот, Милан ќе мине 18 дена во коишто ќе одигра најмалки три атрактивни пријателски натпревари.

Првиот е утре против Олимпијакос во Торонто, а за 27-ми во Питсбург е закажан меч со англискиот шампион Манчестер сити. „Росонерите“ повторно ќе одиграат контрола со премиерлигашки противник. Навивачите во Шарлот ќе присуствуваат на дуелот меѓу Милан и Ливерпул. Сите средби се во рамки на „Гинис купот“, а доколку црвено – црните се пласираат во финалето, ќе обезбедат уште еден атрактивен настап, на 4-ти август во Мајами.