ХРВАТСКА

Експлозија во подрум од зграда – еден загинат и четворица повредени

24.11.2024 09:59

Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неутврдена експлозивна направа, во која едно лице загина, а четири лица се повредени и итно пренесени во болница...

Синоќа дошло до експлозија во зграда во Книн. Едно лице загина, а четири се ранети.

Полицијата соопшти дека добила дојава за експлозија на неутврдена експлозивна направа во станбена зграда во Книн, во која едно лице загина, а четири лица се повредени и итно пренесени во болница. На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош, јавуваат хрватските медиуми.

„Вчера, 23 ноември, околу 23.01 часот во Книн, на улица ’Брибирски кнезови‘, во станот на приземјето од зградата се случила експлозија во која загина 25-годишен маж, додека две млади момчиња на возраст од 25 и 23 години, девојка на возраст од 21 година и една малолетничка, се здобиле со тешки физички повреди. Истражниот тим и полициските службеници за заштита од експлозија врз основа на пронајдените траги на местото на настанот утврдиле дека експлозијата била предизвикана од рачна бомба М-75. Од извршените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Како резултат на нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачната бомба во раката на починатиот 25-годишник. Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на наведената минска експлозивна направа“, соопшти хрватската полиција. 

Вработени во Итната медицинска помош го пренеле повредениот во болницата „Хрватска општа и ветеранска гордост“ во Книн. Сè уште не е позната тежината на повредите.

Полициски службеници го обезбедуваат местото на инцидентот, а околностите за експлозијата ќе се утврдуваат со истрага на очевидци.

 

 

Фото: Индекс.хр