Претседателски избори во Романија
Според анкетите, од 13 кандидати за претседател, најголеми шанси имаат премиерот Марсел Чолаку, кој е поддржан од Социјалдемократската партија и лидерот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџ Симион...

Романија избира нив претседател. Право на глас имаат нешто повеќе од 18 милиони граѓани.
Според анкетите, од 13 кандидати за претседател, најголеми шанси имаат премиерот Марсел Чолаку, кој е поддржан од Социјалдемократската партија и лидерот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџ Симион. 38-годишниот Симион се претставува како следниот европски лидер, својата партија ја нарекува „трампистичка“ и се противи на испраќање воена помош за Украина.
Изборите доаѓаат во време кога земјата се соочува со бројни притисоци поради војната во соседството.
