Руско - украински конфликт

Продолжува борбата со дронови меѓу Москва и Киев

24.11.2024 19:08

Украинската одбрана соопшти дека дроновите над Киев биле успешно соборени...

Киев и Москва ја продолжија борбата со беспилотни летала. Украинската одбрана соопшти дека дроновите над Киев биле успешно соборени. Руските сили пак тврдат дека од 34 летала, 27 биле пресретнати над Курската област.

Целта на рускиот претседател Путин е да ги истисне украинските војници од Курск до 20 јануари, тврди украинскиот претседател Зеленски.

Од Третата меѓународна конференција за жито од Украина, украинскиот претседател рече дека има шанси да ја заврши војната следната година.