БЛИСКИ ИСТОК
Ракетни напади врз северните погранични градови на Израел
24.11.2024 17:06
Проектили од Хезболах беа истрелани и кон централен Израел. Продолжуваат битките и во Газа...

Ракетните напади врз северните погранични градови на Израел продолжуваат со несмалено темпо. Проектили од Хезболах беа истрелани и кон централен Израел. Продолжуваат битките и во Газа.
Во дипломатска офанзива на Блискиот Исток е шефот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, кој оствари средби со либанските власти.
Претходно неделава, Брисел го отфрли предлогот на Борел за прекин на дијалогот со Израел поради војната во Газа. Италија пак, министрите за надворешни работи на Г-7 дискутираат за конфликтите на Блиски Исток, војната на Русија против Украина, безбедноста на Индо-пацификот и тековните кризи во Хаити и Судан.
