МВР

Лишен од слобода крадец во тетовско

24.11.2024 20:15

На 23.11.2024 во 11 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Н.М.(31) од с. Пирок, тетовско, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во угостителски објект во с. Пирок...

На 23.11.2024 во 11 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Н.М.(31) од с. Пирок, тетовско, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во угостителски објект во с. Пирок, сопственост на Ш.Џ.(49) од с. Пирок, пријавено истиот ден околу 10.20 часот, каде биле одземени пари, информираат од МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.