Дел од банките се согласиле на владините побарувања за унгарскиот кредит
Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека каматата за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит, ќе биде 1,95 проценти...

Дел од банките се согласиле на владините побарувања за унгарскиот кредит. Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека каматата за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит, ќе биде 1,95 проценти.
Компаниите ќе може да инвестираат во средства за производство, обновливи извори на енергија и деловни простории за сопствена потреба. Рочноста е до три години грејс период и до 15 години отплата.
За да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра. Средствата ќе бидат достапни од утре, нагласи Мицкоски.
