Руско - украински конфликт
Баро: Киев може да користи француски ракети со долг дострел во самоодбрана
24.11.2024 19:16
Шефот на француското МНР, Жан-Ноел Баро, во интервју за Би-Би-Си вели дека западните сојузници не треба да поставуваат никакви ограничувања за поддршката на Украина против Русија...

Шефот на француското МНР, Жан-Ноел Баро, во интервју за Би-Би-Си вели дека западните сојузници не треба да поставуваат никакви ограничувања за поддршката на Украина против Русија. Баро рече дека Киев може да користи француски ракети со долг дострел во самоодбрана.
На украинскиот фронт продолжуваат борбите со беспилотни летала.
Целта на рускиот претседател Путин е да ги истисне украинските војници од Курск до 20-ти јануари, тврди украинскиот претседател. Зеленски рече дека има шанси да ја заврши војната следната година.
