Битола

Невремето уништи над 150 стебла молика на Пелистер

24.11.2024 18:06

Силниот ветер го згасна животот на над 150-десет најстари моликови дрва во националниот парк Пелистер кој важеа за ендемични примери на балканот и пошироко. Експертите велат во самите стебла постои гнилост кој и понатаму при вакви појави ќе носат штети. Тие препорачуваат да не се преземаат драстични зафати туку да се следат природните процеси.

Силниот ветер го уништи животниот век на дел од најстарите моликови дрва на Пелистер. Според првите сондажи, уништени се над 150 стебла на површина од стотина хектари каде егзистираа и најстарите ендемични видови на Балканот и пошироко.

Шумарските инженери велат, тоа се должи на одредени физиолошки и биолошки фактори кој ја ослабнуваат цврстината на стеблото.

Експертите велат, поради староста и болеста тоа ќе се случува и во иднина бидејќи шумата е влезена во климакс. Не смееме да преземаме никакви активности што ќе ја нарушат автентичноста, туку треба да ги следиме природните процеси во чии рамки се движи моликата, децидни се експертите.

Универзитетскиот професор, Јане Ацевски од Факултетот за шумарство во Скопје, напомнува дека ваквите појави не можат да доведат до драстично намалување на површините на балканскиот ендемит поради низа други фактори. Во светски рамки моликата е една од ретките видови кој го носи префиксот „Мацедонијан Фајн“.

 

Стевче Митревски