Од утре почнува 16-дневниот активизам против родово-базирано насилство
Триесет фемициди за три години. Расте бројот на родово насилство. Потребно е секој во општеството да се вклучи во борбата за запознавање на формите на насилството, порачаа од централниот настан на Мисијата на ОБСЕ во рамки на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство...

Ова е само еден од 30 фемициди што ги исполнуваа билтените на МВР и медиумите последните 2-3 години. Поради бавните институции во чии лавиринти Емилија се загубила ѝ се вратила на насилната средина, па како и другите станала жртва на нејзиниот партнер. Системот е тром, законите не се имплементираат, иако донесени, свеста е ниска и насилството често не се препознава.
Потребно е секој во општеството да се вклучи во борбата за запознавање на формите на насилството, како што е дигиталното, повика претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности, Пешевска. Не само што ќе се осуди, туку и жртвите да се охрабрат да ги пријават насилниците кои ќе бидат казнети.
Сензибилизирањето за постоење на насилство почнува од најрана возраст. Освен во семејството, потребна е едукација и во образованието.
Пораките беа испратени од централниот настан на Мисијата на ОБСЕ во рамки на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство, на кој беше потпишана декларација на намери со десет акциски точки и со конкретни мерки за 2025-та година.
Фиљана Кока
