Временска прогноза

Сончево со мала локална облачност

25.11.2024 08:04

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност.

Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура.