Собрание
Комисиска расправа по Предлог- буџетот за 2025 година
25.11.2024 08:23
Власта и опозицијата ќе дебатираат по предлог амандманите. За едни неразвоен, за други најдобар...

Во законодавниот дом продолжува комисиската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година. Власта и опозицијата ќе дебатираат по предлог амандманите. За едни неразвоен, за други најдобар. Пратениците не отстапуваат од ставовите во дискусијата за Буџетот. Се расправа зошто да се поддржи, односно да не се поддржи вака скроената државна каса.
По дебатата во матичната комисија, Предлог-буџетот за идната година ќе се најде на пленарка пред народните избраници.
