ветеринарство

Употреба на антибиотици кај добитокот

25.11.2024 08:30

Антибиотиците и во ветеринарството треба да се користат само кога е неопходно и со препорака од стручни лица. Неконтролирана употреба, освен за добитокот, може да биде штетна и за луѓето кои се хранат со млекото, месото и со нивните преработки. Европа планира до 2030 година да ја намали употребата на овие лекови за 20%...

Исто како и кај луѓето, лекувањето на добитокот со антибиотици кога во стадото постои инфекција треба да биде контролирано.

Светската здравствена организација порачува сточарите да ја зголемат хигиената и редовно да вршат вакцинирање со што ќе се намали потребата од користењето на антибиотици на фармата. Европа планира до 2030 година да ја намали употребата на овие лекови за 20 проценти.

Во последните неколку години, според статистиката, забележано е значително намалување за дури 27 отсто на користењето на антибиотиците на светско ниво.

СЗО советува и соодветни начини на исхрана, за намалување на ризикот од здравствени проблеми, особено кај младите животни.

Употребата на антибиотиците и кај нас е регулирана со закон. Целта е да се заштити здравјето на потрошувачите и намали резистентноста на организмот од нивната преголема употреба кај животните и кај луѓето преку храната.

 

Методија Трајков