Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“
Кампањата се одбележува под покровителство на семејството агенции на Обединетите Нации во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, УСАИД – Агенција за меѓународен развој на САД и други...

Во Музејот на град Скопје вечерва од 19:30 часот ќе биде одбележан почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
Најавена е дискусија, прикажување кратки видеа и документарни филмови и изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска, со цел да се испрати порака дека насилството врз жените и девојчињата никогаш не е оправдано.
Кампањата се одбележува под покровителство на семејството агенции на Обединетите Нации во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, УСАИД – Агенција за меѓународен развој на САД и други.
Целта на кампањата на глобално и регионално ниво е да ја подигне општествената свест во борбата за спречување на родово базираното насилство, најавија организаторите.
Најавени се дискусија, прикажување кратки видеа и документарни филмови и изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска со цел да се испрати порака дека насилството врз жените и девојчињата никогаш не е оправдано.
