Груевски: нема влијание врз судството

12.12.2013 19:23

,,Направени се големи реформски зафати во судството, а процентот на изрекување притвор во споредба со извршените дела е помалку од еден  процент“ - изјави премиерот Никола Груевски. Владата донесе и закон за декриминализација на клеветата и навредата со што предничи пред другите во регионот и пошироко.

„ Се симнува можноста за некој неовинар да добие затворска казна заради тоа што тој го напишал како новинар.“ - Никола Груевски, Претседател на Владата на РМ

Опозицијата обвини за селективност во борбата со криминалот и за начинот на кој полицијата ги третира осомничените пред тие да излезат на суд.

„Полициски акции во кои што веројатно по ваша наредба се издадени снимки, излегуваа во медиуми итн. се со цел да бидат овие луѓе предвремено оцрнети .“ -Оливер Спасовски, пратеник од СДСМ

„Вие сте партијата која е најверојатно е единствена во европа, а можеби и во светот немам податоци, која воспостави нова пракса да ја информира јавноста  од прес конференции кој е приведен и за што е приведен.“-  Гордана Јанкуловска, министерка за внатрешни работи

Мнозинството праша - врши ли притисоци извршната врз судската власт?

„ Пораката која беше испратена од господинот  Црвенковски да се јавите, да кренете само еден телефон и дека ќе бидат решени тензиите во земјата, дали фунцкионирате на тој начин?“ – вели Силвана Бонева, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

„ Тоа време е завршено. она што сакам да ви го кажам никогаш ниту сум се обидел, ниту сум помислил да телефонирам на некој судија да влијаам на неговата одлука“- Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Од јавниот обвинител побаран одговор за приговорите на Европската Комисија за експресните пресуди и за  судењата без завршници. 

Народниот правобранител Мемети повтори дека состојбите во притворските одделенија се под минималните стандарди, па апелираше до судовите да ја избегнуваат оваа мерка.

Фиљана Кока