УКРАИНА

Борбите продолжуваат низ целата територија на Украина

25.11.2024 08:50

Борбите продолжуваат низ цела Украина. Земјата загуби повеќе од 40 отсто од својата територија во областа Курск...

Борбите продолжуваат низ цела Украина. Земјата загуби повеќе од 40 отсто од својата територија во областа Курск, која ја зазеде со ненадеен напад во август.

Во меѓувреме, украинските истражители почнаа да ги испитуваат остатоците од Орешник, новата руска балистичка ракета со среден дострел, која беше користена во нападот на Днепар.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Турција ќе разговара со претседателот Реџеп Таип Ердоган за војната во Украина и за можната посредничка улога на Анкара во постигнувањето примирје.