Продолжија воздушните напади во Бејрут
Израел продолжи со воздушните напади врз Бејрут откако Хезболах истрела околу 250 ракети и други проектили кон Израел...

Израел продолжи со воздушните напади врз Бејрут откако Хезболах истрела околу 250 ракети и други проектили кон Израел. Неколку лица се ранети во најтешкиот ракетен бараж од милитантната група во последните месеци. Продолжуваат битките и во Појасот Газа. Шефот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел, од посетата на Либан изјави дека не е убеден дека Израел е заинтересиран за примирје со Хезболах или дека е подготвен да ги повлече трупите од јужен Либан.
„Не гледам дека израелската влада е јасно заинтересирана за постигнување договор за прекин на огнот. Сега, одново слушаме дека примирјето е неизбежно, и како што реков, го слушнав тоа многу пати. Го слушнав во Либан, го слушнав во Газа – и се чини дека, повторно, Израел става нови услови за овој прекин на огнот“, изјави Жозеп Борел, шеф за надворешна политика на ЕУ.
Дипломати од САД, Франција и други земји се обидуваат да посредуваат за ставање крај на борбите меѓу Израел и Хезболах, кои започнаа на 8-ми октомври 2023 година, но драматично ескалираа во изминатите два месеци.
