РОМАНИЈА
Втор круг претседателски избори во Романија на први декември
25.11.2024 08:51
По пребројувањето на 99,49 насто од гласовите на изборите во неделата, независниот кандидат Калин Георгеску сè уште води со 22,81 проценти од дадените гласови на претседателските избори во Романија...

По пребројувањето на 99,49 насто од гласовите на изборите во неделата, независниот кандидат Калин Георгеску сè уште води со 22,81 проценти од дадените гласови на претседателските избори во Романија.
По него следуваат премиерот Марсел Чолаку, Елена Ласкони и Џорџ Симион. Тринаесет кандидати се натпреваруваа за претседател, а гласањето се очекува да оди во вториот круг на 8-ми декември.
Во Романија, исто така, на 1-ви декември ќе се одржат парламентарни избори кои ќе ги одредат идната влада и премиер на земјата.
