Демонстрантите во Грузија не го признаваат новиот парламент
Илјадници луѓе се собраа синоќа пред грузискиот парламент на протест пред првата седница на новоизбраниот состав, закажана за денеска...

Илјадници луѓе се собраа синоќа пред грузискиот парламент на протест пред првата седница на новоизбраниот состав, закажана за денеска. Демонстрантите ја поминаа ноќта пред законодавниот дом со обвинувања дека Владата ги фалсификувала изборните резултати. Членовите на опозициските партии најавија дека одбиваат да учествуваат во парламентарните активности.
„Овие избори се наместени и тие владејачката партија Грузиски сон го немаат легитимитетот на грузискиот народ и легитимитетот на меѓународната заедница“, изјави Хатија Деканоидзе, лидер на коалицијата Единство.
Противниците велат дека гласањето било наместено и се сомневаат во влијанието на соседна Русија. Многу Грузијци ги сметаа изборите како референдум за напорите на земјата да се приклучи на Европската унија.
