Литванија
Товарен авион се урна во близина на аеродром во Литванија
25.11.2024 09:22
Најмалку едно лице, член на екипажот загина, а тројца се повредени...

Карго авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус, Литванија, приватен дом е опожарен. Најмалку едно лице, член на екипажот загина, а тројца се повредени.
Според извештаите авионот се урнал пред пистата додека се обидувал да слета. Причината за несреќата се истражува.
