МВР
Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
25.11.2024 09:56
На 24.11.2024 во 10.00 часот во с. Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(30) од с. Романовце...

На 24.11.2024 во 10.00 часот во с. Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(30) од с. Романовце.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
