Матие најскап дефанзивец над 30 години

23.07.2014 14:25

Со преминот во Барселона, Жереми Матие стана најскапиот одбранбен играч со возраст над 30 години, пишува „Sportyou“. Валенсија ќе инкасира 20 милиони евра кога францускиот фудбалски интернационалец ќе го облече дресот на барса. Ниту еден друг дефанзивец не заработил толку висок трансфер во четвртата деценија од животот. Со оваа сума тој е во петте најголеми трансфери на играчи од оваа возрасна група.

Со преминот во Барселона, Жереми Матие стана најскапиот одбранбен играч со возраст над 30 години, пишува „Sportyou“. Валенсија ќе инкасира 20 милиони евра кога францускиот фудбалски интернационалец ќе го облече дресот на барса. Ниту еден друг дефанзивец не заработил толку висок трансфер во четвртата деценија од животот. Со оваа сума тој е во петте најголеми трансфери на играчи од оваа возрасна група. На првата позиција е Габриел Батистута кој на Фиорентина и донесе 32.5 милиони евра кога се пресели во Рома.Самуел Ето, Диего Милито и Златан Ибрахимовиќ се другите тројца фудбалери во ова друштво.

За Матие е поврзана уште една занимливост, тоје  првиот одбранбен фудбалер што го купува Браселона по 2009-та. Последниот беше Дмитри Чигрински.