Кошарка

Кливленд славеа против Торонто за десет од десет на домашен терен

25.11.2024 11:00

Кливленд игра фантастично на стартот од новата сезона во НБА, серијата победи им заврши против Бостон, но тоа не ги извади од ритам...

Поразот од Бостон не го извади Кливленд од ритам, тимот од Охајо утрово славеше против Торонто со 122-108 за десет од десет на домашен терен, Далас без Лука Дончиќ загуби на гостувањето во Мајами. Кливленд игра фантастично на стартот од новата сезона во НБА, серијата победи им заврши против Бостон, но тоа не ги извади од ритам, тимот од Охајо брзо се прегрупира и продолжи таму каде што застана.

Популарните „Кавалирс“ славеа против Торонто со 122-108 за десет од десет на домашен терен.

Донован Мичел натпреварот го заврши со 26 поени, особено се истакна во последната четвртина кога реализираше 11 поени и го сопре налетот на гостите, кои во еден момент се доближија на 94-90.