Почнува нокаут рундата на ЕП во ватерполо
На ЕП во ватерполо што се одржува во Будимпешта, вечерва се играат четвртфиналните натпревари. Во првиот во 19 часот Италија се соочува со Хрватска, во пресметка на селекциите кои играа во финалето на Олимписките игри во Лондон. Хрватска е актуелен олимписки победник, Италија вицешампион. Двата ривала беа и во финалето на ЕП во Загреб 2010 година, кога исто така Хрватска беше поуспешна, а ниту една од двете репрезентации не беше на пиедесталот на претходното ЕП, пред две години во Ајндховен.

Вториот четврфинален дуел е меѓу двата наши соседи, Грција и Србија. Јужниот ќе има тешка задача во обидот да го елиминира бранителот на титулата, кој по одделувањето од Црна Гора на четирите шампионати има исто толку трофеи, од кои два златни. Во оваа фаза привилегирани се домаќинот Унгарија и Црна Гора, кои беа првопласирани во групната фаза. Унгарија како најуспешна ватерполо нација со 22 трофеи на ЕП, од кои 12 златни во полуфиналето го чека победникот од мечот меѓу Италија и Хрватска. Црна Гора која е актуелен вицешампион, и ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Грција и Србија.