МВР

Претрес во Куманово, пронајдена дрога

25.11.2024 19:29

На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово...

На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.