Нивото на водата во Охридското Езеро под дозволениот минимум
Според последните податоци, нивото на водата во езерото денеска е на котата 693,09 метри надморска височина, што е 20 сантиметри под просекот за овој период од годината.

Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму опаѓа, дури надминувајќи ја границата под дозволениот минимум.
Според последните податоци, нивото на водата во езерото денеска е на котата 693,09 метри надморска височина, што е 20 сантиметри под просекот за овој период од годината.
Инаку, нивото на водата во езерото моментално е за еден сантиметар под дозволениот минимум утврден на котата 693,10 метри надморска височина.
За неповолниот водостој секако придонесува и продолжениот сушен период без позначајни врнежи, но најмногу прекумерниот испуст на водата и експлоатација на ревирот за производство на електрична енергија преку водотеците на Црн Дрим.
