Скопје

Кисела Вода добива нова градинка во Расадник

25.11.2024 18:45

Со изградбата на оваа и завршувањето на објектот „Верверичка“ и градинката во Потстаница, чија изградба е во процес, Кисела Вода целосно ги затвора листите за чекање за упис во градинка, а ќе може да прими и деца од други општини.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и директор на ЈДГ „8 Март“, Силвана Савовска денес поставија камен темелник на нова градинка во населбата Расадник со капацитет за 120 деца.

Со изградбата на оваа и завршувањето на објектот „Верверичка“ и градинката во Потстаница, чија изградба е во процес, Кисела Вода целосно ги затвора листите за чекање за упис во градинка, а ќе може да прими и деца од други општини.

„Од почетокот на мојот мандат, со наследена листа на чекање со 450 деца, во изминатите три години вложивме во отворање на две нови детски градини и проширување на капацитетите и обнова на дури седум други објекти. Со тоа, во општина Кисела Вода, сега за упис чекаат само околу 40 деца“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Пемиерот Мицкоски му честиташе на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за посветената и неуморна работа што ја прави секојдневно во Кисела Вода, како и на сите советници, пратеници, директори, административни служби кои се дел од големите проекти во интерес на граѓаните. Најави нов инвестициски бран во општините кој ќе се одвива во февруари.