Груевски: Растот на прометот во индустријата покажува дека има сериозно придвижување во економијата
23.07.2014 14:53
Растот на прометот во индустријата од 9,5 отсто во мај годинава во однос на истиот месец лани, како и растот од 9,9 отсто во периодот јануари-мај во споредба со истиот период од минатата година покажува дека има сериозно придвижување во економијата. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по извршувањето увид во градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип кај населеното место Средно Коњаре.

„Најголемо зголемување од 36 отсто има кај капиталните добра, но се бележи зголемување и во другите делови. Тоа е уште еден поволен макроекономски тренд кој што кажува дека земјава во овој период има одлични резултати, што значи дека имаме сериозно придвижување во економијата“, изјави Груевски.
Груевски посочи дека и во идниот период ќе продолжат политиките на стимулирање и помагање на компаниите, зашто, истакна, тие се оние кои отвораат нови работни места.