унгарски кредит

До крајот на неделава треба да бидат дефинирани условите за унгарскиот кредит за компаниите

25.11.2024 14:36

Независно од парите што ќе ги земат компаниите од унгарскиот кредит, каматната стапка останува фиксна 1, 95 насто. Компаниите да подготват добар бизнис-план, порачува премиерот Мицкоски...

Бизнисот ќе ќари, ќе земе пари за нови инвестиции, но сите добиваат, и државата и граѓаните – ова е ставот на стопанството по договорот на дел од банките и Владата за унгарскиот кредит. Свежи пари ќе завршат во инвестициски циклуси и веќе планирани проекти. Не се обврзани на одреден профит и нови работни места.

Компаниите да подготват добар бизнис-план, порачува премиерот Мицкоски. До крајот на неделава условите за добивање средства би требало целосно да бидат дефинирани. Со финансиската инјекција од 250 милиони евра се очекува зголемување на продуктивноста, отворање нови работни места.

Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата. Максималниот износ што можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра.

 

Александра Велинова