Продолжува судењето за двојното убиство, Кешишев го смени исказот
Денеска продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беа сослушани сведоци од МВР кои работеле на случајот, но покрај нив Кешишев, побара збор и истакна дека писмото кое на претходното судење го предал на судијата, а во кое изјавува дека Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен при убиствата, не е негово, односно напишаното не е вистина...

Додека се возевме назад кон затворот, Палевски ми даде ливче и ми рече да го напишам со свој ракопис и да го потпишам. Ова го тврди обвинетиот Влатко Кешишев кој на минатото рочиште достави писмо до судот со кое тврдеше дека Палевски не бил присутен за време на убиствата. Сега го смени исказот. Вели – бил исплашен и затоа постапувал по инструкции на првообвинетиот.
За обвинителството, писмото на Кешишев нема доказна вредност.
Судењето продолжи со распит на тројца сведоци. Вработен во службата „безбеден град“ во МВР ја појасни трасата по која се движеле возилата со кои се превезувале обвинетите. Рече на една од снимките се гледале силуети од кои едната потсетувала на Палевски.
Двајцата припадници на интервентната полиција потврдија дека обвинетиот Велибор Манев ги однел до дупката во Велес кадешто било закопано телото на Панче.
Анита Димитријевска – Велковска
