Македонија

Жртва на семејно насилство проговори за пеколот низ кој минувала таа и нејзините деца

25.11.2024 15:29

Семејното насилство од сопругот ми го уништи животот, мојот и на моите децата, проговори жртва на семејно насилство. Физички и психички малтретирана, институциите затаиле, таа ги надминува сите тешкотии верувајќи во иднината на своите деца...

Тешки телесни повреди, скршеници, омаловажување, често крвава од ќотекот, навредувана, како на неа, така и на децата, се темниот дел од животот на оваа жена.

Жртвите на семејно насилство секогаш имаат што да кажат, да порачаат за нивните животни тажни судбини. Во случајот со соговорничката, партнерот алкохоличар, коцкар, проституција со жени, или сите можни пороци ги имал а таа молчела и трпела. Заради надежта дека ќе се промени, заради децата.

Иако сите случаи биле пријавени во полиција, центарот за социјални работи, засега нема разрешница. Вели дека институциите не се подготвени да се справат со ваков предизвик, со семејното насилство.

Семејното насилство го направи животот пекол, но децата и борбата за нивната иднина и даваат сила да истрае во борбата и со насилникот и со системот.

 

Петар Печков