Македонија
Финансиска полиција поднесе кривична за поранешниот министер за култура Исмаили
25.11.2024 19:16
Финансиската полиција поднесе кривична пријава до основното јавно обвинителство Тетово против поранешниот министер за култура Хисни Исмаили за сторено кривично дело поради несовесно работење во службата...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до основното јавно обвинителство Тетово против поранешниот министер за култура Хисни Исмаили за сторено кривично дело поради несовесно работење во службата.
Според финансиска, пријавениот екс-министер за култура ја злоупотребил својата службена положба од јуни 2019 до август 2020 потпишувајќи решенија и договори за проекти во вредност од над 31 милион 800 илјади денари, иако немало средства во буџетот на министерството.
