Енергетика

Регулаторна ја крои цената на струјата, на светските берзи вртоглав раст

25.11.2024 17:00

Се прават последните пресметки за новата цена на струјата за домаќинствата и компаниите. На берзата за еден месец е покачена за над 200 проценти. Ќе нема ценовен шок, најмногу три проценти може да има покачување за корисниците од третиот и четвртиот блок, уверува власта...

Се прават последните пресметки за новата цена на струјата за домаќинствата и компаниите. На берзата за еден месец е покачена за над 200 проценти. Ако продолжи овој тренд, индустријата може да се соочи со шокови. Операторот на пазарот на струја МЕМО побарал поскапување за 80 проценти, но од Регулаторна велат дека сегашните пресметки се неприфатливи, бидејќи биле високи.

Ќе направиме се струјата да не поскапи, вели премиерот. Максимумот што може да се случи е 3 проценти раст во третиот и четвртиот блок, а во првите два блока да нема никакво покачување, уверува Мицкоски.

Во услови кога цената на светските берзи дивее, ќе биде одлично ако власта успее да издејствува мал процент раст – е ставот на експертите.

Деновиве ЕСМ треба да достави нова понуда на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ, од која најмногу ќе зависи каква ќе биде ценовната политика

 

Борис Грујоски