Временска прогноза

Наутро ведро и студено, преку ден сончево со мала локална облачност

26.11.2024 08:15

Ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер...

Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од-9 до-1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до-5, а максималната ќе достигне до 11 степени.