Чување на добитокот на ниски температури
Во деновите со екстремно ниски температури, ветер и снег, на добитокот треба да му се обезбеди доволно храна и вода, порачуваат ветеринарите. Животните да бидат засолнети и да не излегуваат од шталите иако повеќето видови што се одгледуваат кај нас релативно добро ги поднесуваат студените денови.

Студеното време проследени со ветер и падот на температурите, можат негативно да влијаат на здравјето на животните, иако, повеќето видови кај нас, релативно добро ги поднесуваат ниските температури.
Во вакви услови, сточарите треба да обезбедат храна и вода најмалку за две недели, во количества кои ќе бидат доволни да се задоволат потребите на добитокот.
Се препорачува дури сточарите и да го зголемат хранењето, за да можат животните да ја одржуваат телесната температура.
На животните никако не треба да им се дава смрзната храна и треба да имаат свежа вода за пиење со соодветна температура.
При екстремно ниски температури, со силен ветер и снег, животните треба да се држат затворени во објектите за чување, шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште.
И здравствената состојба на добитокот во вакви услови треба да сè почесто контролира од вообичаено, односно потребно е животните постојано да се посетуваат и да се набљудуваат.
Методија Трајков
