Претседател

Комплетирана Комисијата за помилување

26.11.2024 08:23

Изборот на нова комисија доаѓа откако претходниот состав поднесе колективна оставка, по помилувањето на контроверзни ликови од скопското подземје...

Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, за денеска е предвидено да се одржи конститутивна седница.

Претседателката на комисијата е доктор Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и професор доктор Оливер Бачановиќ, проф. доктор Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и магистер Доан Сулејманоски.

Изборот на нова комисија доаѓа откако претходниот состав поднесе колективна оставка, по помилувањето на контроверзни ликови од скопското подземје.