Се очекува договор меѓу Израел и Хезболах
Израелскиот Кабинет за национална безбедност се очекува денеска да го одобри договорот за прекин на огнот со либански Хезволах...

Израелскиот Кабинет за национална безбедност се очекува денеска да го одобри договорот за прекин на огнот со либански Хезволах. Од Белата куќа потврдија дека разговорите одат во добар правец. Министрите за надворешни работи на Г7 изразија внимателен оптимизам за можниот напредок. Интензивирана е размената на оган меѓу Израел и милитантната група додека двете страни се пазарат околу последните детали од договорот за 60 дневно примирје.
„Можеби сме блиску до прекин на огнот во Либан, да се надеваме дека е вистина, а во последен момент нема враќање назад. Малку е покомплицирано во Газа, но сите сакаме да работиме за да ја постигнеме оваа цел“, изјави Антонио Тајани, министер за надворешни работи на Италија.
На состанокот во Италија се приклучија и министри од Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Катар, како и генералниот секретар на Арапската лига.
