УКРАИНА

Состанок НАТО-Украина во Брисел

26.11.2024 08:38

По најновите руски напади врз цивилни области во Харков и Одеса, во кој загинаа десетици луѓе, украинскиот претседател вели дека Русија ќе добие одговор за сè што прави...

Денеска во Брисел, состанок НАТО – Украина. По најновите руски напади врз цивилни области во Харков и Одеса, во кој загинаа десетици луѓе, украинскиот претседател вели дека Русија ќе добие одговор за сè што прави. Зеленски ја поздрави одлуката на Обединетото Кралство да санкционира 30 бродови од таканаречената руска флота во сенка, која ги прескокнуваше ограничувања за транспорт на милијарди долари нафта.

„Ние дефинитивно ќе и одговориме на Русија за сè што прави. Од клучно значење е овие напади, секој од нив, да не останат без одговор – не само од нас. Не смее ни да има навестување за нормализирање на рускиот терор“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Германскиот министер за одбрана, Писториус, рече дека Германија, заедно со Велика Британија, Франција, Полска и Италија, сакаат дополнително да ја зајакнат одбранбената индустрија на Украина, како и безбедноста и одбраната во Европа.

„Треба да развиеме, заедно произведуваме и набавуваме повеќе системи за оружје и се согласивме да го направиме тоа“, изјави Борис Писториус, министер за одбрана на Германија.

Петмината министри за одбрана, во Берлин разговараа и за плановите за промовирање на развојот и набавката на дронови контролирани од вештачка интелигенција.