ТУРЦИЈА

Стотина приведени на протест во Истанбул

26.11.2024 08:39

Стотици луѓе се спротивставија на владината забрана и затворањето на патиштата во Истанбул, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за запирање на насилството врз жените...

Стотици луѓе се спротивставија на владината забрана и затворањето на патиштата во Истанбул, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за запирање на насилството врз жените.

Повеќе од 100 лица беа приведени од полицијата по судирите. Во 2021 година, Турција се повлече од Истанбулската конвенција, значаен европски договор за заштита на жените од родово базирано насилство.

Турција беше првиот потписник на договорот кој го носи името на нејзиниот најголем град.