САД

По повод Денот на благодарноста Бајден помилува две мисирки

26.11.2024 09:12

Американскиот претседател Бајден помилува две мисирки со бели пердуви со имиња Пич и Блосом, за да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста...

Американскиот претседател Бајден помилува две мисирки со бели пердуви со имиња Пич и Блосом, за да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста.

Мисирките што беа помилувани го добија името по цветот на праската што е симбол на државата Делавер, од каде што потекнува претседателот.

Во САД, денот на благодарноста се одбележува последниот четврток во ноември со што се означува официјалниот почеток на празничната сезона.