Во Струмица куќа за жртвите од семејно насилство
Општина Струмица отстапи куќа за отворено домување за жртви на семејно насилство. Таму ќе може да бидат сместени три семејства со цел да се реинтегрираат во заедницата и економски да се зајакнат. Со ова општината го затвора синџирот за помош на жртвите, бидејќи во Струмица функционира шалтер и Центар за советување...

Жртвите од семејно насилство во Струмица добија куќа за отворено домување каде ќе се ресоцијализираат и реинтегрираат во заедницата. Станува збор за простории кои општината ги додели на граѓанскиот сектор кој работи на оваа проблематика.
Во куќата за отворено домување која наредниот период ќе се адаптира ќе може да бидат сместени три семејства. Таму ќе престојуваат 6 месеци до 24 месеци и ќе добиваат помош.
Во Струмица постои шалтер центар. Годишно таму престојуваат по околу 30 -на лица кои се жртви на семејно насилство.
Објектот што го отстапи општина Струмица освен Здружението Скај Плус ќе го користи и фондацијата „Елеуса“ која реализира низа хуманитарни акции.
Ване Трајков
