Царинска управа

Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти

26.11.2024 10:03

Разни производи меѓу кои женски чанти, паричници, тоалетни води, бижутерија со вкупна вредност од 193 илјади денари се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Царински службеници на влез на граничен премин Табановце и на граничен премин Богородица во три случаи спречија обид за криумчарење на 442 парчиња облека.

Разни производи меѓу кои женски чанти, паричници, тоалетни води, бижутерија со вкупна вредност од 193 илјади денари се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус пријавен за влез во државата на  граничниот премин Богородица.

Во четири случаи спречен обид за шверц на 67 штеки цигари и 5 штеки со патрони за електронски цигари.

569 разни производи со проценета вредност од вкупно 594,5 илјади денари, кои не биле опфатени со царинските документи се откриени во два одвоени случаи од страна на мобилни царински тимови, при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга, наменета за две фирми од Струга.

Царински службеници од царинска испостава Гевгелија во два случаи спречија нелегален влез на 8 илегални мигранти, државјани на Иран и Сиера Леоне при контрола на товарни моторни возила пријавени за увозно царинење.