Изложба на Јана Манева- Чупоска во Истанбул
Ќе бидат изложени цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“.

Во Македонскиот центар во Истанбул, утревечер од 19 часот ќе се отвори изложбата на уметницата Јана Манева-Чупоска.
Ќе бидат изложени цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона кризата, но и покрај официјалното завршување на вирусот кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност.
Изложбата се состои од триесеттина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил.
Изложбата е финансирана од Министерството за култура и туризам како изложба од национален интерес за 2024 година.
