Скопје денеска на четврто место на листата на најзагадени градови во светот
Според упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО), концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 15,9 пати поголема од годишната вредност....

Скопје денот го почна со индекс на загадување 168 што на платформата „Ај-кју-ер“ го стави на четврто место на листата на најзагадени градови во светот. Највисока загаденост утринава е регистрирана на мерното место во Лисиче, а потоа се во Кисела Вода и во Карпош 2.
Според платформата, во моментов, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“. Според упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО), концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 15,9 пати поголема од годишната вредност.
Главен загадувач што е наведен се ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 79,5 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми на кубен метар.
